Живот
2. October 2018 - 13:54

Застрашувачко: Слон за секунда прегази преплашено дете, почина на самото место

Во една шума во Индија деца кои налетале на крдо слонови снимиле шокантно видео на кое се гледа како еден возрасен мажјак брка едно од нив во во секунда го убива.

Снимката настанала во шумата Суијаканари во Јаркханд. На снимакта се гледа како настанала паника меѓу децата што се нашле премногу близу до слоновите и кога еден возрасен маж одлучил да спобрка едно од нив.

Детето се обидело са се скрие во живата ограда, но тоа не му помогнало да побегне од оваа грдосија, кога за секунда го прегазила. После тоа, слонот се вратил во своето крдо.

Полицијата соопшти дека детето имало од 8 до 10 години и дека починало на самото место.

Мештаните кои живеат во близина на оваа шума рекоа дека ги предупредиле локалните власти дека во близина на нивното место се наоѓаат крдо слонови.

„Надлежните да реагираа, детето денеска ќе беше живо, рече еден од мештаните.

Снимаката е со ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: