Живот
22. December 2017 - 15:32

Застрашувачки улов на руски рибар: Погледнете ги суштествата од длабочините кои изгледаат како вонземјани

Руски рибар од Мурманска уловил неколку ретки видени видови на риба кои изгледаат застрашувачки како вонземјански суштества.

Рибарот Роман Федортсов обично лови со трска, но повремено од длабочините извлекува и некои ретко видени видови. Фотографии од својот последен улов споделил и на социјалните мрежи.

- Овие риби ретко влегуваат во мрежа. Ова е случаен улов, изјавил Федорцов за Neewsweek.

Федортцов моментално се наоѓа на брод во Норвечкото море. Повремено уловува ретки видови на риба, ги фотографира и објавува на Твитер или Инстаграм.

На фотографиите се наоѓа рибата Lycodes reticulatus, која ја има на северните делови во Атланскиот Океан. Федортцов вели дека го потсетува на џуџињата од „Господар на прстените“,

На следната фотографија се на наоѓа риба со паразитски изопод во устата, суштество кое го јаде јазикот на домаќинот и живее во устата на рибата.