Живот
20. February 2019 - 22:19

Застрашувачки сцени од Алпите: Скијач сними како панично бегаат од лавина, камера го сними моментот кога ги затрупа снегот

Еден маж го сними застрашувачкиот момент кога скијачите почнаа да бегаат од лавина во скијачкиот центар Кран Монтана, во Швајцарија.

Лавината затрупа неколку луѓе, а тие за среќа се спасени.

Како што може да се види, снимката почнува мирно, а двајцата скијачи се спремаат за спуст низ патеката, меѓутоа само неколку секунди подоцна почнува трката за живот.

Скијачот со камера на кацигата се обидува да се спушти што побрзо и патем да ги предупреди другите да бегаат.

Се е документирано за да може полицијата да ги лоцира луѓето и да ги спаси.