Балкан
5. January 2018 - 10:30

Застрашувачки моменти кога се затресе Црна Гора: Луѓето бегаа во паника, спасуваа жива глава

Се појавија и првите видео снимки од мементот кога земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтер ја погоди вчера Црна Гора.

За среќа немаше жртви и повредени, но завладеа паника и вознемиреност меѓу граѓаните.

Земјотресот причини голема материјална штета, па некои семејства мораше да ги напуштат своите домови. Дојде до поголеми материјални штети врз објектите, на патиштата до одрони од земја и камења.

Во директоратот за вонредни ситуации порачуваат - нема причина за паника, додека премиерот Душко Марковиќ ветува помош за загрозените семејства.

Жариштето на овој земјотрес е лоциран на длабочина од 14 километри, а епицентарот бил на седум километри од Плав. По првиот потрес следувал по 10 минути и нов земјотрес на истата локација со јачина од 3,2 степени по Рихтерова.

Ширум градовите граѓантие во паника истрчуваа на улица. Во Плав паѓале цигли, а во Гусиње попукале ѕидовите на куќите.

-Дојде до поголема материјална штета на објектите, на патиштата се урна земја и камења, изјавија од службата за спасување на Плав. Околу 50 до 50 куќи поднесоа барање за проценка на штета.

Читателите на „Вијести“ од селото Улотин кај Андријевица, велат дека земјотресот оставил последици врз куќите. Кај некои имало пукање на надворешните ѕидови, а на некои им се уништени покривите. Земјотресот предизвика паника во Плав, Гусиње, Андријевица, Беране, Подгорица и во другите градови, а се почуствува во околните држави.