Живот
25. September 2017 - 11:22

Застрашувачка снимка: Смртоносен пад од карпа за две пијани момчиња!

Ги загубија животите по пад од ограда, а се тоа го снимиле со камера...
 
Млади момчиња не обрнуваа внимание на извиците од туристи да се тргнат од оградата на врвот од една карпа, па неколку секунди подоцна паднаа.
 
Вознемирувачкото видео покажува како две млади, пијани момчиња поради своите глупи постапки загинаа во близина на туристичката атракација, водоподот Абола.
 
Најпрво седеа на оградата и пиеја алкохол, а по некое време се одлучија да ја „предизвикаат судбината“ и ја преминаа оградата. Во еден момент едното момче се лизна, а во обид да се спаси го повлече и другарот па и двајцата ги загубија животите по падот.