Свет
19. November 2018 - 13:41

Застрашувачка снимка од потопот во Тенерифе: Погледнете како бран ги разори балконите на зграда

Зимата ги покажа забите во цела Европа, а неверојатна снимка од шпанскиот остров Тенерифе кружи на интернет.

Најголемиот остров од Канарските острови, на кој живеат над 800.000 луѓе, го зафати силна бура која се разви над Атланскиот океан, а бранови со висина од неколку метри носеа се пред себе.

Во градот Меса дел Мар се евакуирани жителите од 65 станови во два кварта кои се наоѓаат веднаш покрај океанот, а откако снимката се појави на интернет, причината за евакуаија беше повеќе од оправдана.

На снимката се гледа како високи бран ги разорува балконите на три ката од зграда која се наоѓа покрај океанот, а иако изгледа застрашувачки, во невремето никој не настрада.