Балкан
7. March 2016 - 16:19

Застрашувачка снимка од брана во Србија која е пред излевање!

 
На брегот на езерото се наоѓаат викендици, угостителски објекти а тука е и еден пешачки висечки мост, па во случајно прелевање и пукање на браната се тоа би било на директен удар.
 
По обилните дождови и поплави кои ја погодија централна Србија, водостојот на реките е во континуиран пораст, што може да се види и по браната во Овчарско-кабларската клисура.
 
Водата од Западна Морава прво се акумилира во Овчарско-кабларското езеро, потоа по тунел оди до хидроелектраната Овчар Бања, па се влева во езерото Меѓувршје.
 
Пред Чачак, кај Парменац, се наоѓа уште една брана и езеро.
 
На брегот на езерото се наоѓаат викендици, угостителски објекти а тука е и еден пешачки висечки мост, па во случајно прелевање и пукање на браната се тоа би било на директен удар.