Македонија
6. February 2020 - 16:37

Застој во извадањето пасоши - новото име на државата во пасошите дури од септември

„Република Македонија“ ќе стои на пасошите кои треба да стасаат со новата пратка кон средната на следниот месец. Новото име на патните исправи ќе биде аплицирано дури со пратките во септември.

-Согласно спроведената постапка за набавка и испорака на нови видови на обрасци за лични документи (патни исправи, лични карти, возачки дозволи, службен пасош, дипломатски пасош, пасош за странец, дозвола за привремен престој, дозвола за постојан престој), склучена е Рамковната спогодба на 05.12.2019 како и Договор  за нарачка на 11.12.2019  склучен помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Veridos GmBH Berlin – Германија за испорака на обрасци за  лични документи. Со изработка на нови лични документи кои ќе бидат со името Република Северна Македонија ќе се започне од септември 2020 година, велат од МВР.

Македонија најдоцна до пет години од рафитикација на Преспанскиот договор мора ги промени личните документи со придавката „Северна“.

Како вчера, така и денеска граѓаните не можат да закажат термин за лични документи преку мобилен телефон. Одговорот е дека сите оператори се зафатени.

-Доколку до испораката на новите пасоши МВР остане без патни исправи, тогаш одреден број на пасоши ќе бидат тргнати на страна за најитните случаи.

Надлежните предупредуваат дека ситуацијата е алармантна со издавањето на патни исправи. Дури за еден месец ќе има нова нарачка за пасоши.

Одреден застој има и за издавањето лични карти и возачки дозволи, но од Внатрешни посочуваат дека состојбата некако ја менаџирале и проблемот ќе го надминеле деновиве.