Застана да направи селфи, доби куршум во глава: Политичар брутално ликвидиран по ТВ дебата | Сител Телевизија
Свет
13. јуни 2018 - 22:38

Застана да направи селфи, доби куршум во глава: Политичар брутално ликвидиран по ТВ дебата

Мексикански политичар е убиен додека позирал за селфи пред еден од своите избирачи.

По предизборното соочување пред изборите, на 43-годишниот Фернандо Пурон, познат по борбата против организираниот криминал, му пришол убиец од зад грб и од непосредна близина му пукал во глава. Починал на пат до болница, а за напаѓачот се уште се трага во градот Пиедрас Неграс.

Пурон бил поранешен градоначалник на мексиканскиот град Пиедрас Неграс, познат по својата борба против картелот Лос Зетас. Поради своето политичко делување добивал бројни закани со смрт.

Уште во 2016 година, на гробиштата осамна порака: „Пурон, за две години ќе ти скинеме глава“.

Од септември 2017 година, кога во Мексико почна изборниот процес, се убиени 112 политичари кои се кандидрале на престојните избори.