Македонија
19. July 2020 - 14:18

Заскитан куршум завршил на кровот на скопјанец

На 18.07.2020 во 11.30 часот во Полициска станица Бит Пазар, М.К.(45) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот забележал дека на неговата куќа на ул.Панче Неделковски на кровната конструкција имало оштетување од искпукано зрно од огнено оружје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и подигнала едно зрно.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.