Македонија
21. November 2021 - 16:28

Засилени полициски контроли на МВР во Струга и Охрид

Засилени сообраќајни акциски контроли во охридско струшкиот регион. Полициските службеници затекнале 196 моторни возила кои биле технички неисправни од кои 11 автобуси кои вршат јавен превоз на патници, дел од нив биле упатени на технички преглед и исклучени од сообраќајот а некои заработиле и соодветни поднесоци.

Користењето на мобилен телефон, возењето под дејство на алкохол и непочитувањето на пропишаните брзини се едни од најчестите причини кои доведуваат до сообраќајни незгоди.

Од охридската полиција најавија дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи во насока на обезбедување побезбедни патишта.