Засилени мерки за пронаоѓање на сторителот на убиството на Зулфиќар М. од Кичево
Полициската станица од Кичево, презема засилени мерки за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело „разбојништво“ во кое со смртни последици се здобил Зулфиќар М. (77) од Кичево.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, денеска информираше дека по наредба на Јавниот обвинител, ќе биде извршена обдукција врз телото на сега починатиот З.М., како и дополнителни активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот на кривичното дело.
Безживотното тело НА Зулфиќар М., појаснуваат од СВР Охрид, го пронашол неговиот син вчера во 16 часот и 55 минути во куќата на својот татко на улицата „Јосиф Јосифоски-Свештарот“ во Кичево. Тој, при влегување во куќата забележал претурање на предметите од покуќнината, а во една од собите на приземјето го видел безживотното тело на неговиот татко. Смртта ја константирал доктор од „Општа болница“ од Кичево кој забележал видливи повреди во пределот на главата.
На местото на кривично правниот настан, извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, полициски старешини од СВР Охрид, вешти лица од одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи, како и полициски службеници од полициската станица Кичево. Притоа, константирано е, инјформираат од СВР Охрид, дека кривичното дело е извршено во временскиот период помеѓу 9-ти и 10-ти овој месец од засега непознат сторител кој насилно и со кршење на стакло од светларникот направил отвор, влегол во внатрешноста на куќата и извршил пребарување низ собите на приземјето и горниот кат. При извршувањето на делото, случен е напад врз животот и телото на сега починатиот сопственик на куќата.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер