Засилени контроли во Битола и Прилеп: 48 нерегистрирани возила, 34 возеле без возачка дозвола
Министерството за внатрешни работи вчера (01.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола и Прилеп, при што санкционирани се 183возачи, соопшти на денешната прес конференција во Битола портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. „Притоа, изречени се 97 санкции во Битола, меѓу кои 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 26 за возење без возачка дозвола...
Во Прилеп се изречени 86 санкции, меѓу кои, 20 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), осум за возење без возачка дозвола, седум санкции за правни и одговорни лица…“ соопшти Ангеловски. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и денеска, како и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок