Македонија
29. July 2021 - 12:39

Засилени безбедносни мерки за продолжениот празничен викенд во Охрид

Засилени безбедносни мерки за продолжениот празничен викенд во Охрид.За време на концертите на различни локации на отворено на кои се очекува поголем број на посетители низ чаршијата и плажите долж езерото  ќе патролира полицијата која има припомош и од другите градови од полициските станици се со цел зачувување на јавниот ред и мир, спречување на кражби и зголемена сообраќајна безбедност на целото подрачје.

Од СВР Охрид посочуваат дека до овој момент нема нарушувања на јавниот ред и мир од поглем обем туку станува збор за инцидентни нарушувања кои се  резултат на недоразбирања помеѓу одредени личности и сторителите и апелираат до  граѓаните, да ги почитуваат насоките и укажувањата на полициските службеници со цел задржување на поволната безбедносна состојба .

Инаку Охрид за Илинденските празници по традиција го означува шпицот на летната сезона за кога се очекува голем број на туристи.