Засилена контрола на дивите депонии во Гевгелија
Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов денеска од комуналната инспекциска служба побара да ги засили контролите на дивите депонии и инсистираше комуналните редари да ги контролираат почесто во попладневните и вечерните часови кога, како што рече, несовесните граѓани фрлаат разни отпадоци.
- Мојата реакција и барањето за засилени контроли на дивите депонии е одговор на многубројните поплаки од граѓаните на општина Гевгелија, кои во последно време најмногу се однесуваат на неконтролираното фрлање отпадоци на дивите депонии кои на неколку локации во околината на градот се создаваат покрај локалните патишта, рече Франгов.
Инспекциските служби веднаш интервенирале и побарале од сопственик на парцела во близина на Кованска река, која е претворена во дива депонија да го отстрани отпадот во најкус временски рок и најавија чистење на отпадот од речното корито.
Договорено е инспекциските контроли на дивите депонии да се вршат и за време на викендите.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани