Македонија
12. September 2018 - 16:46

Засилена дипломатска активност спроти референдумот - денеска Блок, утре Мичел, а доаѓа и Матис

Референдумот е демократски процес и  останува на граганите сами да го  донесат единственото решение за земјата, порача од Скопје холандскиот  шеф на дипломатијата. Стеф Блок  договорот од Преспа го оцени како историски чекор кој ќе ги отвори вратите на земјата за влез во НАТО.

Гостинот  од Холандија ја пофали Македонија за досега спроведените реформи, но потенцираше дека земјата треба уште многу да сработи за да се приближи  до европските стандарди. Димитров  ја поздрави  како холансдката строга  и фер политика која, како што рече, има за цел  змејата да ја направи европска.

Холандија, заедно со  Данска и Франција  беа против поделување датум за Македонија  за почеток на преговорите.

По посетата на Блок, утре во Македонија ќе пристигне американскиот помошник  државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, а најавена е и посетата на државниот  секретар за одбрана Џејмс Матис.