Засилен ветер долж Повардарието, врнежите ќе престанат попладне
Во текот на ноќта променливо облачно и нестабилно време имаше во Полошко, Скопско и Кумановско, а утрово повеќе врнежи се регистрирани во источните делови од Македонија. Во текот на ноќта повремено засилен ветер имаше на север, а потоа и долж Поварадарието и кон истокот. Ретки грмежи се забележани во Пелагонија.
Според УХМР, најмногу дожд е наврнат во Демир Капија и Куманово 14 литри на метар кубен, Виница 10, Дојран 8, Берово 7, Скопје-Петровец, Тополчани, Охрид, Штип и Претор 5, Струмица, Крива Паланка и Скопје 4, Шуриште и Битола 3, Прилеп и Тетово 2 и Гевгелија и Крушево 1 литар.
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и во средината на денот нестабилно со повремени врнежи од пороен дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен ветер особено долж Повардарието и кон истокот. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Максималната температура денес ќе се двиќи од 22 до 29 степени.
Утре ветерот се уште повремено ќе засилува но ќе започне период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид