Бизнис
18. December 2015 - 16:22

Заштедeта и до две третини од вкупниот кредит со проектот "Kупи куќа"

Купи куќа за млади нуди големи заштеди за корисниците. Пресметките покажуваат дека корисниците можат да заштедат дури две третини од вредноста на кредитот. За максималниот износ од 50.000 евра субвенцијата може да стигне до 33.000 евра, за креидти од 30.000 евра државата неповратно ќе плати  дури 20.000 евра. Субвенциите ќе важат за купување новоизградена куќа, изгрдба или доградба.

Проектот вклучув два модели. Моделот рата нуди субвенционирање во тек на 11 години од нив 8 години државата плаќа 80% од ратата, а следните 3 години половина рата.  Каматата е иста како за основнит проект Купи куќа купи стан, за првите три години изнесува 3,95%, за следните две 4,4%, за останатиот период банката ја утвдува каматата, но та не смее да биде повисока од каматата за другите станбени креидти.  Банкарите велат дека токму овој модел е многу поволен и подобар од претходно.

За моделот учество, државата целоно плаќа учеството кое изнесува 25% од кредитот. Каматата за целиот 20 годишен период на отплата изнесува 4,5%. По овој основ, за максималната сума од 50.000 евра кредит може да се добие државна помош од 12.500 евра, за кредит од 30.000 евра пак државата плаќа 7500 евра учество.

За учество во проектот поеднинецот или еден од брачните сопружници треба да има до 35 години. Месечната плата за самците не смее да биде поголема од 900 евра, односно може да се аплицира со плата во висина на просечната во земјата која изнесува околу 350 евра. За брачните партнери заедничките приходи не смеат да надминуваат 1.300 евра месечно односно условите ги исполнуваат и партнери ко имаат заеднички есечен приход од околу 800 евра.  Ваквите услови ги исполнуваат нејгоем дел од граѓаните во Макеоднија. Апликантите не треба да има друг имот на свое име.

Кредитобарателот треба да има плац, да обзбеит изведбен и идеен прокет при што може да се користат и бесплатните прокети кои ги нуди МТВ. Потребна е дозвола за градба и преддоговор со изведувач.  Надлежните уверуваат дека аплицирањето ќе биде многу едноставно.

Проектот Купи куќа за млади ќе почне да се применува од февриари 2016 година.