Македонија
23. February 2017 - 11:38

Заштеда на електрична енергија во општина Кочани

Анализите за потрошувачката на електрична енергија во општина Кочани по примената на моментно најдобрата достапна технологија за осветлување во светот - Лед технологијата и излегувањето на слободниот пазар на електрична енергија, покажуваат висока заштеда во енергија и намалени трошоци.
 
Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, на денешната средба со новинарите истакна дека со модерницазијата на системот за улично осветлување, потрошувачката на електрична енергија во последниот квартал ноемри-декември 2016 и јануари 2017 година е намалена за 60 отсто.
 
- Модернизацијата на системот за улично советлување се изврши со договорите со Фабриката за светилки „Мишел Шредер“ од јуни 2015  и од август 2016 година во вкупна вредност од 61,5 милиони денари. Договорите се склучени со одложено плакање на 36 еднакви месечни рати без аванс, без камата и без специјални гаранции и не се третира како кредит, истакна Димитровски.
 
Притоа, додаде тој, се заменети 4.000 живини со Лед светилки во градот и во сите населени места во општина Кочани, и се поставени над 300 нови светилки на темни и недоволно осветлени места, така што осветленоста е зголемена за 50 проценти. Направен е и ГИС -систем на секоја светилка во градот.
 
Димитровски информираше и за резулатите од примената на слободниот пазар на електрична енергија во кој општина Кочани излезе  од октомври 2016 година.
 
- Со новиот оператор за електрична енергија - ЕДС и намалу ги намалување трошоците за струја за наведениот квартал за вкупно 76 отсто. Очекуваме заштедата во електрична енергија и собраната комунална такса за улично советлување во целост да ја покријат инвестицијата во модерното улично осветлување и веќе во 2019 година целата заштеда да биде на сметка на општина Кочани. Со тие средства системот за улично осветлување може дополнително да се унапредува со опфат на останатите населени места во општината, со проширување, воведување на телеменаџмент, „паметен град“ и слично, истакна Димитровски.