Македонија
9. October 2017 - 12:32

Зашов:Граѓаните на општината Чешиново-Облешево заслужуваат модерна општина

Граѓаните на општината Чешиново-Облешево заслужуваат да живеат во модерна и убава општина во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби.

Имаме јасна и прецизна визија, знаеме и можеме да го подобриме животот во општината Чешиново-Облешево. Нудиме перспектива за подобар живот, нудиме достоинство за секој еден жител на општината Чешиново-Облешево.

Јас и мојот тим силно ќе се залагаме за да обезбедиме подобар живот за нашите сограѓани преку изградба на квалитетна инфраструктура, подобро образование, заштита на животната средина, преку развој на спортскиот дух и урбанизација на општината. Тоа што го ветуваме, ќе си стоиме на зборот и ќе го исполниме.

Во продолжение ќе спомнам само дел од проекти од мојата програма:

        1.       Доизградба на водоводна мрежа во с. Облешево, с. Чифлик и с. Чешиново  и пуштање во функција на овие три водоводи.

        2.       Изградба на водоводна мрежа во с. Уларци.

      3.       Изградба на бунар со доводен цевковод за подобрување на водоснабдувањето во с. Спанчево.

       4.       Изградба на фекална канализација и колектор за одведување на отпадните води во с. Спанчево.

       5.       Изградба на фекална канализација во с. Соколарци.

       6.       Реконструкција на водоводниот систем во с. Кучичиново.

       7.       Изградба на крак од фекална канализација во с. Бање

   8.  Изградба на крак од фекална канализација и колектор за одведување на отпадните води во с. Теранци.

    9.   Изградба на крак од фекална канализација и колекторот за одведување на отпадните води во с. Жиганци.

     10.     Изградба на улици во населените места, проект „Асфалт до секое семејство“.

    11.     Изработка на физибилити студија чиста вода за пиење за општина Чешиново-Облешево доизградбата на ХМС Речани.

    12.   Уредување на мини плоштади во населените места во општината, придружени зелени површини, да обезбедиме катче за релаксација на сите генерации од најмалите до највозрасните.

          13.         Отворен ден за земјоделци кој ќе служи за информирање на земјоделците за голем број поволности што им се на располагање, за начинот на нивно искористување со тенденција да премине во мини САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ.

          14.       Фудбалот е препознатлив во нашата општина, Илинденски спортски игри, поради тоа финансиски ќе ги подржиме спортските клубови на територија општината Чешиново-Облешево.

          Почитувани,

Програмата што ја нудиме е реална, остварлива и базирана исклучиво на потребите и барањата на жителите на општината Чешиново-Облешево.

Нудиме просперитет, нудиме сигурност и можност општината Чешиново-Облешево, заеднички да ја направиме модерна и современа општина, да ја направиме најубаво место за живеење во Македонија.

Горан Зашов, ВМРО-ДПМНЕ