Џет-Сет
22. May 2017 - 10:27

Засекогаш на него: Вељко го истетовира ликот на Сека, еве каде

Голем доказ за љубовта многу често е тетоважа од саканото лице врз телото на мажот, а овој потег го направи и сопругот на пејачката Сека Алексиќ, Вељко Пиљкиќ.

Овој детал го откри самата пејачка која ја сними новата тетоважа на својот сопруг и го покажа својот лик на неговата лева рака.

Имено, Сека ја сними раката на Вељко, а освен нејзиниот лик кој тату мајторот верно го пресликал, тука има и едено дете, крст, часовник, гулаб и шаховска фигура - кралица, но и уште многу детали кои ги симболизираат луѓето и ситуациите во животот на Пиљкиќ.

Сека и Вељко се запознаа 2005 година, а врската ја започнаа во 2009 година. Се венчаа во 2010 година, а  минатиот септември станаа родители на синот Јаков.