Македонија
19. September 2019 - 22:49

Засега нема закажано нова средба за законот за ЈО, велат од Министерството за правда

Засега нема закажано средба на работните групи за законот за јавно обвинителство в сабота, велат од Министерството за правда, по информациите објавени во дел од медиумите дека за време на викендов ќе се одржи нова рунда преговори меѓу тимовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Разговорите стагнираа по последната маратонска средба што се одржа во Собранието на која присуствуваа лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а која заврши без исход.

Потоа следуваа меѓусебни обвинувања од страна на двајцата лидери кои оставија отворена можност за понатамошни разговори. Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ достави свои предлози за кои премиерот Зоран Заев рече дека ќе бидат разгледани