Бизнис
26. July 2018 - 19:47

Засега нема контра мерки за Косово,владата се надева дека Приштина ќе се вразуми

Македонија не доби ништо  од тоа што  Косово одлучи да  ја повлече повиската царина  за дел од производите. Но надлежните во земјава засега нема да воведат контра мерки. Ќе го чекаат исходот од утрешниот состанок во Косово на министерот  за економија Бектеши со неговиот колега Хасани.

Повисоката царина остана за  перките јаболката доматите грозјето, произвдите кои Македонија најмногу ги извезува таму.  Денеска само едне камион  со овошје и зеленчук ја помина границата, вчера ниту еден.

Земјоделците во зејава пак велат дека спасот од одлуката на Косово е и Македонија да воведе контра мерки.

Косовската царина веќе доволно направи штети врз земјодескиуте производи, цефта  повеќе не е гарација за заштита.  Сегашната примена на оваа  мерка направи загуби во трговскиот биланс од неколку милиони долари намалени цени  на откуп на домашните рпозиводи намалена доверба и сигурност во рпедадените количини  при откуп супституција на косовскиот пазар со други производи наместо со традиционални македнски за ововј период од годината , се вели во соопштението од федерацијата на фармери на Македонија.

Министерот за трговија туризам и телекомуникации на Србија Љајиќ за тамошните медиуми соопшти дека Србија не е толку засегната од оваа одлука на ксоово туку дека стануива збор за прнцип.

Косовската влада  пред неколку дена ја исмна повиската царина за 16 производи, но министрите од регионот побараа таа да бид целосно повблечена.

Пред да биде воведена времената мерка на Приштина Македонија таму извезуваше околу 300 тони ововјшје и зеленчук, сега извзоот е сведен речиси на минимум.