Засега нема целосно укинување на ковид-мерките или нивно намалување
Целосно укинување на ковид-мерките или нивно намалување засега нема. Министерот за здравство Беким Сали вчера изјави дека ја следат состојбата и според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи, сметаат дека се уште не e време за целосно укинување на мерките или пак нивно намалување.
– Ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, нормално и преку Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани и според новата методологија која што се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците, истакна Сали.
Еден од индикаторите, како што кажа, е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кои се хоспитализираат и оти според таа состојба, ние се уште не сме подготвени за намалување на мерките. Министерот додаде дека дел од ковид – центрите во државата се затворени и нема потреба од дополнителни кревети.
Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени се 2.635 тестови регистрирани се 277 нови случаи со КОВИД-19, од кои 44 реинфекции, осум починати и 132 оздравени пациенти.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 301.293, бројот на оздравени пациенти е 289.978, на починати е 9.137, а на активни случаи изнесува 2.178 од кои најголем број 1230 се во Скопје.
Ново на Сител
-
Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот
-
Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум
-
Мицкоски: Владата ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во државата
-
Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата
-
Трамп го честиташе Денот на благодарност и на „радикално левите лудаци“
-
Путин: Не мислам дека Трамп е сигурен - во историјата на САД имало различни инциденти