Loading Video...
Спорт плус
21. March 2020 - 18:28

Засега нема целосно откажување на ракометното и одбојкарското првенство кај нас

Актуелната состојба со Коронавирусот ги принудува Националните спортски федерации да размислуваат за комплетно откажување на сезоните. 

Откако Кошаркарската федерација им предложи на клубовите да се произнесат дали да стават крај на тековната сезона, по што во понеделник раководството се очекува раководството да пресече, на таков потег засега не размислуваат во ракометната, одбојкарската, па и фудбалската федерација во нашата земја. 

Во овие федерации сеуште се оптимисти, дека ситуацијата брзо ќе се смири и дека ќе изнајде начин како да продолжат тековните сезони. 

Од Ракометната федерација велат дека се оптимисти и дека во мај месец би се создале услови првенството да продолжи, па со забрзан ритам би можеле да ја завршат сезоната. 

Во случај кризата да се пролонгира, тогаш Управниот Одбор заедно со клубовите, би решиле каква разврска ќе има во мак-ракометот. 

И Одбојкарската федерација е со сличен став. Доколку кон крајот на април или на почетокот на мај може се создадат услови, остатокот на сезоната ќе се доигра. 

Во спротивно, ќе се размислува за некој нов скратен систем на натпревари. 

Поголем проблем ќе биде настапот на машката репрезентација, која според календарот во кон крајот на мај и почетокот на јуни треба да ги игра натпреварите од Европската златна лига.