-->
-->
Засадени садници во дворот на Кабинетот на претседателот Иванов
-->
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во пресрет на 3 декември - Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, денеска прими ученици од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов”, ученици од ООУ „Кузман Јосифовски Питу“, претставници од Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Скопје, како и деца од Дневниот центар за лица со ментална и телесна попреченост од Берово.
Претседателот Иванов и неговата сопруга Маја Иванова заедно со гостите засадија садници на македонски даб во дворот на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, со што ја поддржаа традиционалната акција за пошумување „Ден на дрвото - засади ја својата иднина".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење