ЗАРОБЕНО СРЦЕ

Loading Video...

Љубовна приказна за двајца млади кои веруваа во нивната љубов и се бореа за заедничка среќа. Приказна за Фирузе и Ајаз, две срца кои го носат товарот од нивните семејства. Дента кога треба да се венчаат, мајката на Ајаз во самоодбрана го убива таткото. Во име на семејството, Ајаз ќе донесе тешка одлука и ќе ја жртвува љубовта кон саканата. Тој склучува договор со моќниот бизнисмен Ертан кој ќе треба да спаси мајката на Ајаз од затвор, а за возврат, Ајаз ќе треба да се ожени со неговата сестра. Непристојниот предлог ќе значи крај за љубовта на Фирузе и Ајаз. Тој ја остава неа, а таа останува потоната во тага и разочарување од оној во кој најмногу веруваше.
По две години, една голема несреќа повторно ќе ги спои двете срца. Но, сега, горчината е посилна од желбата за прошка и љубов.

Сиромаштија и раскош. Љубов и предавство. Среќа и тага. Ќе може ли таа да прости затоа што тој ја остави? Ќе може ли да се заборави болката во заробеното срце или одмаздата кон саканиот ќе значи да се жртвува сопствената среќа?