Loading Video...
Спорт плус
23. April 2022 - 17:13

Зарко пред Шпанците Мир и Еспаргаро на стартот на утрешното Гранд-при на Португалија

Во Мото ГП шампионатот утре на програмата е петата трка кој ќе се вози за Големата награда на Португалија. 
 
Французинот, Јоан Зарко од тимот на Примак денеска оствари најбрзо време во квалификациите и утре ќе ја има пол-позицијата. 
 
Од првиот стартен ред, но зад Зарко трката ќе ја почнат, Шпанците, Жоан Мир на Сузуки и Алекс Еспаргаро од Априлија. 
 
Лидер во Генералниот поредок Италијанецот, Енеа Бастијани (Гресинг рејсинг тим) кој досега оставри две победии денеска имаше лоши квалификации, па утрешната трка ќе ја започне дури од 14-тата позиција.