Спорт плус
19. August 2020 - 11:05

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

 Пилотот Жоан Зарко (Авинтија Дукати) ќе биде подложен на операција по сериозната несреќа за време на неделното Гран-при на Австрија во МотоГП. Тој се судри со Франко Морбидели (Петронас Јамаха СРТ) пред третата кривина на патеката „Ред Бул Ринг“, кога нивните мотоцикли едвај гне ги „покосија“ возачите на Јамаха, Валентино Роси и Маверик Вињалес.

Првичниот медицински преглед на австриската патека не покажал повреди на ниту еден возач, но потемелниот преглед во понеделникот покажал скршеница во десниот зглоб на Французинот. Операцијата ќе се изврши утре во Италија, по што Зарко ќе се врати во Австрија каде ќе помине нов лекарски преглед и се надева дека ќе учествува на Големата награда на Штаерска овој викенд.

– Операцијата ќе ја изврши хирургот кој оперираше многу пилоти на Дукати. Јас ќе се вратам во Австрија во четврток затоа што имаме состанок закажан за инцидентот, рече тој.