Loading Video...
Спорт плус
19. јуни 2021 - 16:59

Зарко ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на Германија

Французинот, Жоан Зарко ќе ја има првата стартна позиција на утрешната 8-ма трка во Мото ГП шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Германија. 
 
Членот на Дукати денеска оствари најбрзо време во квалификациите, оставајќи ги зад себе конкурентите од Јамаха и Априлија, Фабиот Квартараро и Алекс Еспаргаро, кои ќе бидат веднаш зад Французинот во првиот стартен ред. 
 
Пред германското Гранд-при, лидер во генералниот палсман е Квартараро со 115 бодови, додека неговиот сонародник Зарко од Дукати има 14 помалку.