Зариф: Трпиме најбрутална форма на економски тероризам
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф повторно го критикуваше „економскиот тероризам“ на САД, кој воведе санкции на Техеран за, како што рече, „да се постигнат незаконски политички цели“.
– Нашите луѓе ја трпат најбруталната форма на економски тероризам, кој намерно е насочен против невините цивили, за да се постигнат незаконски политички цели, рече Зариф на конференцијата за одржлив развој што се одржа во Обединетите нации во Њујорк.
Тој додаде дека тие „незаконски санкции создадоа огромни пречки на Исламската република и претставуваат најголема закана за постигнување на целите за одржлив развој на Иран и многу негови соседи“.
САД се повлекоа од договорот за иранската нуклеарна програма минатата година и ги вратија санкциите против Иран, а Иран возврати со откажување од почитување на некои од ограничувањата во договорот. Тензиите меѓу двете земји ескалираа поради серијата инциденти во Персискиот залив.
Вашингтон неодамна се закани дека ќе воведе санкции и му издаде виза на Зариф со ограничувања за посетата во ОН. Според таа виза, Зариф може да се движи само во ограничениот простор околу седиштето на ОН во Њујорк, вклучувајќи ја и иранската мисија и резиденцијата на иранскиот амбасадор. Одлуката предизвика критики од страна на ОН. Зариф изјави дека мерката „сигурно не е пријателски гест“.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот