Македонија
6. March 2020 - 20:05

Заразените сопружници од Италија пристигнале пред 10 дена- патници се симнувале во 3 града во земјава

Двајца сопружници од Дебар на 62 и 68 годишна возраст се новите двајца заразени од коронавирусот во Македонија.

-Во нашата земја пристигнале од Италија на 27 февруари, по влезот во Македонија патници од автобусот се симнувале во Куманово, Скопје и Дебар, ова денеска преку прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додава дека патниците тогаш немале никакви симтоми на грипот и за прв пат се јавиле на лекар во Дебар на 2 март месецов каде матичниот лекар не препознал индикации да се направи тестот за коронавирусот и ги пратил на домашно лекување.

Инаку во автобусот се превезувале околу 40-тина патници.