Македонија
5. јуни 2020 - 13:17

Заразени 6 здравствени работници во Градска болница 8-ми Септември

Во Градската болница 8-ми Септември неофицијално заразени се 6 здравствени работници а повеќе од 10 лица се во самоизолација. Сеуште во тек се епидемиолошки анализи кои треба да покажат како вирусот се проширил помеѓу медицинскиот персонал во оваа болница. Инаку оваа установа е единствениот Ковид центар во државата каде се прави тријажа на сите пациенти кои што влегуваат во болницата. За сега немаме потврда од директорот на Градската болница 8-ми Септември за оваа информација.