Балкан
30. November 2020 - 12:11

Заразен со коронавирус се фрлил од болница во Тирана

Шеесетгодишен пациент со коронавирус настрада откако скокнал од прозорецот на една болница во Тирана,

Настанот се случил околу полноќ, а пациентот бил сместен во болница 10 дена каде се лекувал од вирусот, пренесува албанската агенција НОА.

Како што се наведува, полицијата е на терен и започнала истрага во врска со случајот.

Ова е петти пациент во Албанија кој си го одзеде животот на тој начин.