Заради улога холивудски актер изгуби 22 килограми
Холкувудскиот актер Адам Драјвер (33), кој во филмот „Тишина“, новото остварување на Мартин Скорсизе игра језуитски свештеник, изгуби 22,5 килограми за потребите на улогата, поради што е речиси е непрепознатлив во сцените објавени во трејлерот.
Глумецот, во едно неодамнешно интервју откри колку му било тешко да ги изгуби килограмите, но и дека доста ослабнал пред почетокот на снимањето.
- Изгубив 14 килограми пред првата клапа, а за време на снимањето уште осум ипол. Сето тоа имаше смисла. Игравме језуитски свештеници во 17-от век кои патувале две години, болни и гладни, објасни актерот и додаде дека режисерот го поттикнал на драстично намалување на килограмите.
- Бев подложен на многу екстремен режим на исхрана. За време на снимањето често немав сила да правам што било друго освен да реагирам на она што од мене го бараа на снимањето. Ми беше тешко дури и да размислувам, објасни Драјвер.
Секако, штом се вратил на вообичаените прехранбени навики и килажата се вратила на старото.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи