Бизнис
29. јуни 2017 - 19:55

Заради пеколните температури зголемена продажбата на клима уреди

Екстремно високите температури ја зголемија продажбата на клима уреди.

Од малопродажните ланци за бела техника велат дека  од минатата недела кога почнаа горештините дневно се продаваат стотина климатизери.Се купувата и вентилатори и други тела за разладување. Иако побарувачката е голема од продавниците за бела техника уверуваат дека уредите нема да поскапат.

Како и секоја година така и оваа граѓаните  во последен момент  доаѓаат да купат клима уред. Зголемената продажба го зголеми и бројот на монтажни екипи кои се трудат навреме во скеој дом да ги постават уредите.

На светките берзи регистриран е раст на цените на металите и на бакарот поради што од следната година се очекува од 15 до 20 отсто да поскапат климатизерите, а останатата бела техника за 5 проценти.