Македонија
28. November 2017 - 20:42

Запрен сообраќајот на раскрсницата кај Мавровка

ВМРО-ДПМНЕ започнува со блокади на крстосниците во главниот град.
 
Според последните информации, симпатизери на опозициската партија вечерва ја блокираа крстосницата кај Мавровка, спроти Основниот суд каде во моментов се уште траат протестите на ВМРО-ДПМНЕ.
Најавите се дека партијата подготвува целосна блокада на Скопје и парализирање на сообраќајот во главниот град преку блокирање на главните крстосници, по денешниот атак на власта предводена од Зоран Заев и СДСМ со приведувањето на 36 лица.