Македонија
15. July 2020 - 15:57

Запрен изборниот процесот во Лојане, недостасуваат гласачки ливчиња

Запрен е изборниот процес во селото Лојане, општина Липково на гласачкото место 1129, јавува порталот Лајмепрес.

Според набудувач во ова изборно место, забележано е дека има многу гласачки ливчиња кои недостасуваат, лифчиња кои некој ги отстранил.

Ова беше причината поради која набудувачот го стопираше процесот, побара полициска помош и побара ова да биде евидентирано во записникот.

Засега нема официјална потврда од Државната изборна комисија.