Бизнис
17. September 2019 - 16:33

Запре изградбата на патот Градско - Прилеп, шпанската компанија бара 10 милиони евра надомест на штета

Ќе се бара нов изведувач за дел од патот Градско Прилеп. Договорот со шпанската компанија Рубау за изгрдба на делницата Фариш Дреново е раскинат. Земјава веќе побарала од шпанските банки да се активира банкарската гаранција од околу 7,7 милиони евра. За раскинување на договорот ЈП ДП добиле согласност и од ЕБРД кои се кредитори на проектот. Од друга страна, шпанската компанија бара оштета од 10 милиони долари. Дирекрот на ЈП ДП, Зоран Китанов во изјава за Сител вели дека Рубау имале проблеми и грдбата одела бавно, направиле се што можеле за да им овозможат побрзо да работат, но наместо тоа Шпанците побарале друга компанијата за да ја предадат трасата. Откако не се договориле со неколку домашни и странски фирми, престанале со работа.

Спорот меѓу Рубау и земјава ќе се решава на арбитража, битката ќе ја водат две реномирани американски адвокатски куќи, Хоган ловелс за Шпанците, Вајт енд кејс за ЈП ДП.

Додека тече спорот во странство, дома ќе се бара начин грабата побрзо да продолжи. Изградена е една третина од трасата, ќе се прави пресек на работите за да се најде нова компанија која ќе продолжи.

Трасата Фариш Дреново е долга 10 км. Целиот ескпресен пат Градско – Прилеп е со должина од 33,5 км. Делницата од Градско до Дреново е во градба, а за последната делница од Фариш до Прилеп во подготвка е тендер. Таа ќе се финансира со пари од ИПА програмата.