-->
-->
Запознавање на земјоделците од Македонска Каменица со новите мерки и програми
-->
Во организација на општина Македонска Каменица во Домот на култура ќе се оддржи презентација на новите владини мерки и програми за земјоделците.
Според градоначалникот Соња Стаменкова, на едукативната средба со земјоделците од Општината ќе бидат презентирани и новите начини, форми и можности за аплицирање за средства преку програми и проекти до ЕУ фондовите.
- Презентацијата ќе биде одлична можност земјоделците на непосреден начин да се запознаат со новините, можностите и поволностите кои ги нудат Владата и отворените ЕУ фондови за развој на земјоделството. На средбата ќе биде опфатена и можноста за размена на мислења со земјоделците, за сугестии и прашања од претставници на локалната и централната власт, рече Стаменкова.
На средбата ќе биде присутен и раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство Иле Каранфиловски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата