Запознајто го рајот на земјата каде месечната плата е 1200 евра а месечна кирија 15 евра
Мариналеда е градче во Андалузија на југот на Шпанија кој на површина од 25 километри квадратни брои околу 2.700 жители. Жителите на Мариналеда не се плашат да ги изразат своите политички уверенија, а по ова дефинитивно ќе им завидувате.
1.200 евра месечно е просечната плата која ја земаат жителите на Мариналеда. Доколку сакате да изнајмите стан под кирија за тоа месечно ќе треба да одвоите само 15 евра. Градоначалникот на ова градче вели дека воопшто нема потреба од полиција, бидејќи таму, воопшто нема криминал.
Целиот град на располагање има бесплатен интернет, а жителите можат бесплатно да ги користат двата фудбалски терени, игралиштата за тенис и кошарка како и оние за сквош и одбојка. Бесплатно е и користењето на базенот. Доколку некој жител реши да гради куќа, од градот добива архитект кој за него работи бесплатно, а не се плаќаат ниту работниците кои се задолжени за изградбата. Куќите не можат да се продадат со што се спречува можноста на тој начин да се профитира.
- Според шпанскиот закон, ние, според бројот на жители, би требалo да имам помеѓу четири и седум полицијаци. Но ние не ги сакаме овде. Бидејќи токму затоа што се се заснова на доброволна база, бидејќи сите задно се бориме и заедно ги кроиме нашите животи, постои многу висок степен на коегзистенција – објаснува градоначалникот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација