Запознајте го скопјанецот Кемал, човекот кој досега спасил 150 бездомни животни
Кемал Назири од Скопје спасува бездомни животни. Во моментов се грижи за 15 кучиња и 7 мачки. Овој 40 годишен скопјанец работи како воено лице. За себе вели дека уште од дете ги сакал животните. На ваков чекор се одлучил пред две години. Од тогаш до сега, од улица спасил околу 150 животни.
Денот му почнува рано наутро кога доаѓа на својот плац со површина од 2800 метри квадратни. Токму на ова место се сместени животните. Секое куче има своја куќичка. Малите вкупно 9 на број, се сместени во посебна просторија. Освен храна и вода, повредените кучиња добиваат и соодветна медициска терапија. Сите се стерилизирани, вакцинирнаи и подготвени за вдомување.
За жал Кемал вели дека мал е бројот на луѓе кои сакаат да ги вдомат овие животни.
Љубителите на животни можат и да волонтираат на ова прибежиште. Доколку сакаат граѓаните може и да донесат куче и да се грижат за него барем еднаш неделно, но под услов тоа да биде чипирано, вакцинирано, стерилизирано или кастрирано. На овој начин вели Кемал, сака да спаси што поголем број на бездомни животни но и да ја зголеми свеста кај луѓето дека и тие се живи суштества со свои потреби како и сите нас.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов директор на ДЗС
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
