Џет-Сет
8. May 2019 - 14:24

Запознајте го новото кралско бебе

Принцот Хари и Меган Маркл го покажаа нивниот прв син, три дена по неговото раѓање.

Војвотката сепак се породила во болницата „Портланд“ во Лондон.

Меган, наводно, пристигнала во породилиштето во неделата доцна вечерта и се породила во понеделникот во 5.26 часот. Во таа луксузна лондонска болница се породи и Викторија Бекам, а британските медиуми пишуват дека услугата е врвна. За вечера родилките може да добијат јастог, па дури и шампањ на барање.