Живот
2. April 2021 - 13:35

Запознајте го Адем Амети од Тетово: Измислил стартување на автомобил со плескање на раце, свирење, картичка...

Адем Амети е млад човек од Тетово кој ги воодушевува сите со своите технолошки иновации. За две години успеа да создаде 22 технолошки иновации, во различни полиња. 

Дел од неговите најуспешни проекти се кантата за отпадоци која реагира на движење и со тоа се отвара, помага да се избегнуваат контактите со раце на кантите за отпадоци, стап за лица со оштетен вид кој со сезнор реагира на предметите, давајќи им знак и помагајќи на тој начин да не се повредат. 

Адем е најинспириран во поглед на иновациите во автомобилската индустрија. До сега има развиено поголем број на начини на стартување на моторот на автомобилот со отпечаток на телефонот, преку џоистик, со картичка, со код или со далечинско, па дури и со плескање со рацете.

За иновациите на Адем интерес покажаа и градските власти во Тетово, а за тоа дали овие проекти ќе се усовршат останува да видиме.