Запознајте го 7 годишниот Македон од Тетово - Македонско чудо од дете за кого генијалноста нема граници
Македон Димитровски - Македонско чудо од дете ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово во второ 1 има само 7 години но решава математички задачи од втора година од средно образование. Нашиот мал генијалец ни донесе златен медал по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет.
Тој е дружељубив и секогаш расположен за своите другарчиња и соученици. Меморијата на Македон е на завидно ниво, зборува течно англиски, а учи германски, грчки и кинески.
Неговата наставничка Јасмина Костовска секогаш ја прилагодува наставата за него, со повеќе обврски, покомплицирани задачи. Таа вели дека знаела каков ученик ќе има, а тоа во нејзината 27 годишна кариера бил огромен предизник.
Погледнете го гостувањето на Македон заедно со неговите родители во утринската програма на Сител Телевизија.
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот