Џет-Сет
24. September 2016 - 21:08

Запознајте ги нашите Мина и Александра – Жирито во „Пинкови ѕвездички“ веќе ги запомни

По Трајче, Мартија, Елена и Антониа кои изминатите сезони од шоуто „Пинкови ѕвездички“ потврдија дека во Македонија има многу талнти, особено во делот на музика, на сцената се појавија Мина и Александра.

Веќе во првата емисија од новата сезона, овие две Македонки оставија силен впечаток кај членовите од жирито и со сигурност останаа запаметени кај нив. Но, во продолжение запознајте ги и вие. Веруваме дека ќе го делите мислењето на жирито.

Мина Блажев (13) од Скопје во шоуто дефинитивно ќе го покаже својот талент. Како за пеење, така и за сценски настап и изведба. Жирито остана без зборови, па коментарот „ако споредиме со сите нстапи вечерва, твојот не е за петка, туку за десетка“, говори многу.

За 12 годишната Александра Трајчевска од Прилеп жирито повторно не штедеше пофални зборови, „Ѕвездичката е родена“, е само дел од коментарите.