Македонија
15. јуни 2019 - 16:40

,,Запознај ја Преспа‘‘ - нов фестивал за убавините од Македонија

Преспа има огромен потенцијал за туризам кој чека да биде искористен. Токму затоа, за да се презентира се она со што располага овој регион викендов на различни локации на Преспанското Езеро се одржува манифестацијата „Запознај ја Преспа“. По шести пат ќе се одржи Тур де Галичица, ќе има панел дискусија со гости од Албанија и Грција со кои ќе разговараат за она што ги поврзува, како и други активности.

-Целта ни беше да ја промовираме Преспа, да укажеме што нудиме, како природна убавина, културно наследство, затоа и вака со повеќе содржини е овој настан „Meet Prespa“. Преспа има потенцијал на секое поле, земјоделие, туризам, во секое поле има потенција што ни е опфатено во добра стратегија, треба да го насочиме и да го развиваме, изјави Живко Гошаревски, градоначалник на Ресен.

Манифестацијата денеска неофицијално се отвори во фармата „Spirit od Prespa“ во село Царев двор каде присуствуваше и дипломатскиот кор. Оваа претежно фарма на јаболка, постои од 1960 година, а Ана и нејзината сестра Елена се петтата генерација сопственици. Посетителите секогаш ги пречекуваат со домашни сокови, колачиња и кафе.

-Потоа правиме обиколка околу фармата, ако во периодот има овошје подготвено за соборање, правиме настани од типот на „Pick your own apple“ каде нашите посетители се забавуваат, сами собираат овошје и имаат искуство да бидат фармер за тој ден, изјави Ана Лабор, сопственик на „Spirit od Prespa“.

-Не е толку голема заработувачката колку што е голем моментот што сакаме туристите барем уште 2-3 саати да ги задржиме туристите во Преспа. Има многу што да понудиме, нема многу идеи, а нашата е единствена, вели Виолета Прцуловска, „Spirit od Prespa“.

Кога одите во Преспа неизбежно е да го пробате нивниот специјалитет – ѓомлезето кое се прави околу 4 часа под сач. Но и пржениот преспански крап. Токму утре, сите преспански специјалитети и производи ќе бидат презентираи на саемот кој ќе се одржи нма плажата во Долно Дупени.