Македонија
25. September 2018 - 21:20

Започнуваат градежни работи на дел од патот за Теферич

Општина Кисела Вода утре ќе започне со изведување на градежни активности на дел од патот за Теферич. Предвидено е градежните работи да се одвиваат два месеци.

Општината апелира до сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање, додека на улицата се извршуваат градежните активности.