Македонија
2. October 2019 - 12:04

Започнува реконструкцијата на Скопската чаршија

Со 1 милион евра ќе се реконструира Скопската чаршија и ќе се врати нејзиниот автентичен изглед. Поголем дел од парите ќе се обезбедат од Светската банка, а помал дел се од Министерството за економија и општина Чаир. 

Целта на проектот е враќање на автентичноста на секој дуќан поединечно и реконструкција на калдрмата. На тој начин надлежните очекуваат да се зголеми атрактивноста на Чаршијата, како и бројот на туристи кои ќе ја посетуваат. 

Проектот се очекува да заврши до крајот на идната година. 

 

Мирјана Јовеска