Македонија
31. August 2018 - 16:59

Започнува референдумскиот караван, Заев најавува оставки ако референдумот пропадне

На стартот на кампањата за референдумот, премиерот Заев најави повлекување од политиката доколку процесот биде неуспешен.

- Како премиер имам мандат до 2020 година. Ако референдумот падне и не успее ние веројатно завршуваме со политиките овде. Но, зошто би ни била потребата од владеење кога ни нема иднина државата.

Заев признава дека промената на името е болна работа, но вели дека придобивките , интеграцијата во НАТО и во ЕУ се историски, како и градењето пријателски односи со Грција.

На крајот добивме пријател. Нашиот јужен сосед не ни е веќе политички непријател...

Премиерот се надева дека референдумот ќе биде успешен а цензусот постигнат, на штп, лало што исткна , укажуваат и последните анкети.

Анкетите покажуваат дека огромно мноазинство ќе биде за . Нашиот таргет е и постигнување цензус од 50 проценти....

Заев повторно ја повика опозицијата да се вклучи во кампањата  и да  овозможи успешен рефрендум. Тој побара од ВМРО ДПМНЕ, иако не се согласуваат со догворот од Преспа,  преку учество во рефрендумскиот процес да докажат дека навистина се залагаат  за членство во НАТО и ЕУ.